РЕЧЕНИЦАТА “НА ВАШЕТО ТЕЛО МУ СЕ ПОТРЕБНИ МАСТИ ЗА ДА ТОПИ МАСТИ” НЕ Е УРБАНА ЛЕГЕНДА
Всушност, експертите препорачуваат 20% од целокупниот дневен калориски внес да биде од незаситени масти.
Омега 3,6 и 9 се трите типа на незаситени масти кои играат критична улога во многу функции во телото. Овие масти, подобро познати како Essential Fatty Acids (EFA), се поздрави од заситените масти и помагаат при метаболизирањето на мастите во вашето тело. Зашто се наречени есенцијални ? Поради тоа што се неопходни за метаболизмот да функционира нормално, и нашето тело не може да ги произведува (омега 3 и 6) и затоа зависи од нас да ги внесуваме преку нашата исхрана.
Од каде треба да ги црпиме овие масти и колку треба да внесуваме ?
ОМЕГА 3
Постојат 3 основни типови на омега 3 кои можеме да ги внесеме преку конзумирање на одредени видови на храна:
- Alpha-linolenic acid или ALA може да се најде во богатите извори на семки и масла од семки, посебно во лененото масло. Други извори се семките од тиква, семки од сусам, масло од соја, масло од каноја, ореви и масло од ореви.
- Eicosapentaeoic acid или EPA, може да се најде во некои видови риба како што се харингата, лососот, скушата, и сардините (рибите всушност не произведуваат EPA, туку тие ги конзумираат преку алгите што ги јадат).
- Docosahexaenoic acid или DHA најчесто се наоѓа кај рибите кои живеат во ладни води како што се сардината, туната или лососот.DHA e неопходна при развивањето на мозокот и видот.
Конзумирањето на омега 3 мастите нуди заштита од воспаленија и коагулација на крвта, a тоа пак е заштита против артритис, кардиоваскуларни заболувања, депресија и инфекции на кожата. EFA ги нормализира нивоата на липиди, намалува крвен притисок и го подобрува метаболизирањето на глукозата.
Не сте обожавател на риба ? Тоа не е проблем, ALLMAX NUTRITION нуди богат извор на омега 3 масни киселини спакувани во лесни за голтање капсули. Секоја капсула содржи 180:120 сооднос на EPA – DHA. Исто така, истражувањата докажуваат дека само со внесување на 3 грама на омега 3 во вашата исхрана може да ви помогне да постигнете идеална телесна тежина. Забелешка – не е препорачано да се зема повеќе од 3 грама омега 3 во еден ден.
ОМЕГА 6
Најчесто изворот на омега 6 масната киселина се наоѓа во многу видови на храна вклучувајќи лисјести зеленчуци, семки, јаткасти плодови, зрна и растителни масла.
Најконцентриран извор на омега 6 може да биде најден во сончогледовото масло, кое е познато по тоа што има бројни здравствени бенефити, вклучувајќи и способноста на телото да ги активира масните клетки во телото да трошат повеќе калории. Исто така е докажано дека го намалува холестеролот и го регулира шеќерот во крвта.
CLA (conjugated linolenic acid) е масна киселина која природно се наоѓа во повеќето меса, сирења и млечни производи. Задолжена е да го спречи трансферот на масните клетки во крвотокот за да не се складираат како масти наслаги. Исто така помага при стимулација на разградување и топење на складираните масти.
Покрај овие својства на топење на масти, омега 6 исто така ја прави кожата поздрава, исто така и косата и ноктите.
ОМЕГА 9
Омега 9 е мононезаситена маст, иако е групирана со омега 3 и 6, и технички не е есенцијална масна киселина поради фактот што телото сепак може да произведува мали количини. Најчестата форма на омега 9, oleic acid се наоѓа во канола, сончогледово масло и највеќе во маслиновото масло. Познатите бенефити од омега 9 се тоа што ја намалува инсулинската резистенција, намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, намалува ризик од срцев удар и го зголемува производството на HDL (“добриот холестерол”) и го намалува LDL (“лошиот холестерол”).
Внесувајте Балансирано
Важно е да се знае дека омега 3 и 6 се во интеракција една со друга, па затоа баланс помеѓу нив е круцијална за добро целокупно здравје, со оптимален сооднос 4 спрема 1 (омега 6 спрема омега 3 ) или помалце.
Запомнете, за да останете концентрирани и да имате ментален фокус и острина, многу е важно EFAs да ги внесувате секој ден. Како бонус, здравите EFA нивоа всушност може да помогнат при создавање на ситост во вашиот ум, помагајќи да немате кризи за храна и да не осеќате глад подолго време.