



ДОСТАПНИ ПРОГРАМИ

Телото се менува
кога умот делува.
кога умот делува.
над 500 трансформации
над 1.000 рецепти
над 7.000 заедница
ПОГЛЕДНИ ВНАТРЕ ВО ПРОГРАМИТЕ
Ели Илиоска
"Овој предизвик преубаво "ми легна"... Омилен дел ми беше утринската стомак рутина во тишина (си
дадов предизвик станување рано околу 6 часот), прекрасно мени кое сѐ уште го практикувам, негата
за себе си ја кренав на уште повисоко ниво, а јас искрено и нескромно можам да си кажам дека сум
презадоволна од сопствениот резултат.
Дојдов до степен да уживам да носам дводелен костим за капење( и покрај стриите после пораѓајот, а
кожата со вежбањето и сончањето сега си се затегнува).
Сето ова би значело дека за мене нема крај со вежбање и добро избалансирана исхрана. Чувството е
преубаво да знаеш дека си правиш добро на себе си. Само така сум подобра верзија за маж ми, ќерка
ми и сите мои блиски. Дури успевам да ги мотивирам оние другарки кои не се сѐ уште мажени дека
има живот и после стапување во брак.
Сѐ е до добра организација и секако, партнерот .
И тој игра клучна улога во тоа колку ќе успееме во нашите цели."

М.Т
"Jас сум со SomaFit од првата програма односно 2020година.
SomaFit има интересен пристап кон фитнесот и здравјето.Фокусирана е на потреби на клиентите нуди програми што ги поддржуваат нивните цели од различни аспекти на здравјето, исхрана и ментално здравје кои се клучни за успех.Програмите се прилагодливи и за почетници и за напредни вежбачи има различни нивоа на интензитет и различни вежби во зависност од способностите на учесниците.
Дефинитивно сега сум најзадоволна од својата трансформација, тоа е голем успех! Не е задоволството само од физичкиот изглед туку и менталните промени,стекнување на нови навики.Таквото задоволство обично доаѓа од напредокот, новите вештини и подобрувањето на општото здравје."

Сандра Цветанова
"Навиките и размислувањата кои ми се сменија и подобрија со предизвикот за мене се многу важни.
Толку се чувствувам подобро и лесно што не знам кои се вистинските зборови со кои можам да
опишам. Си фатив една рутина на денот, рутина со јадење, организација на обврските, распоред со
план за цела недела и ми прави многу мерак како си тече летово. Среќа и на вежбите за во теретана
па веќе немам ‘чудни’ ситуации и не се тепам со справите…."

Previous
Next
Придружи ни се и на Instagram


