- Description
Добредојде! Сигурно веќе знаеш дека во секоја SomaFit програма досега имавме дел којшто е посветен на менталното здравје.
Благодарение на тоа искуство и позитивен фидбек од вежбите, го креирав и овој нов SUMMER MIND RESET психолошки водич-предизвик.
Јас како психолог и психотерапевт лично сметам дека не можеме да работиме на промена на телото и да направиме вистинска траснформација доколку тоа не е во добра синхронизација со нашите мисли и чувства.
Никогаш не започнуваме само траснформација на телото, туку на целосниот начин на којшто се гледаме себе си.
Летото често го поврзуваме со слобода, одмор, сонце и убави моменти.Но за многу луѓе летото носи и дополнителен притисок. Повеќе се гледаме во огледало. Повеќе се фотографираме. Повеќе ги гледаме туѓите тела. И понекогаш, наместо да уживаме во моментот, почнуваме да анализираме и да мислиме:
- Сигурно ќе беше подобро ако имав уште некое кило минус.
- Овој костим за капење ќе го носам кога ќе го намалам стомакот.
- Сакам да изгледам како неа….
и уште безброј такви мисли.
Ова се уверувања коишто сме ги стекнале низ текот на животот и во коишто толку силно веруваме што дури не ни помислуваме дека можеби не се наши.
И можеби наместо проблемот да го бараме во своето тело и изгледот, треба да се запрашаме дали ни треба некаква промена.
Дали можеби ако го промениме начинот на којшто разговараме со себе ќе ни помогне да ја промениме сопствената перцепција, а со тоа и да направиме вистина промена?
Што е Summer Mind RESET?
Ова е твојот 21-дневен психолошки водич кој оди паралелно со твојата физичка трансформација.
Со овој водич ќе работиш и на:
- намалување на споредбата со другите
- подобар однос со своето тело
- градење самодоверба
- развивање самосочувство
- промена на начинот на размислување
Како да го користиш овој водич?
21 ден – секој ден ти се отклучува нов предизвик, односно добиваш 21 предизвик којшто ќе се состои од неколку таскови кои нема да ти одземат повеќе од 5-10 минути дневно.
Воедно, ова ќе биде како време за тебе, а и верувам ќе ти биде многу корисно и практично за се што ќе правиш понатаму.
Секој ден ќе имаме:
- Mind reset – кратка психолошка лекција
- Reality check – прашања што ќе ти помогнат да ги освестиш и забележиш своите мисли и навики (дури и оние несвесните).
- Денешна вежба – практична вежба и алатка што ќе можеш да ја користиш и после овие 21 ден
- Journal prompt – нештото коешто ќе ти помогне да изградиш нов однос со себе
Пред да започнеме сакам да запомниш една многу важна работа:
Твоето тело не е проект кој треба да го поправиш. Твоето тело е нешто со кое треба да научиш да соработуваш. Природно е да сакаш промена. Природно е да имаш повисоки цели. Можеш да сакаш да станеш посилна, поздрава и поенергична верзија од себе. Но тоа не значи дека денес не вредиш и не мора да се мразиш за да се промениш.
Затоа што – ТЕЛОТО СЕ МЕНУВА, ТОГАШ КОГА УМОТ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ДА ДЕЛУВА.
А сега отклучи си го ден 1 и започни со својата трансформација!
Еднократно плаќање
Програмата ти е достапна веднаш по уплатата.